Регион

Србија: Потврдени 1.932 случаи на африканска свинска чума

15 Aug 2023

Вкупно во 1.600 фарми во Србија се потврдени 1.932  случаи на африканска свинска чума, од кои 1.575 свињи и угинаа, објави Министерството за земјоделство на Србија. На фармите е извршена еутаназија на 25.971 свињи со нештетно отстранување и е направена дезинфекција на просторот, се додава во соопштението.

Од почетокот на годинава, африканската свинска чума е потврдена кај 352 диви свињи на територијата на 25 општини во осум управни окрузи. 

Досега се извршени 331.600 активни надзори и се испитани 44.257 примероци за присуство на болеста. 

На фармите ќе им биде исплатен надомест за свињите кои угинале од африканска свинска чума. 

Болеста беше дијагностицирана и во Романија, БиХ, Хрватска, Германија, Италија, Грција и кај диви свињи во Унгарија, Бугарија, Словачка и Чешка, со голем број жаришта. 

Извор: Nova ekonomija



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...