Регион

Црна Гора: Реновиран „Воли“ во Жабљак

30 Jun 2023

Трговскиот синџир „Воли“ повторно ги отвори вратите на маркетот во Жабљак, кој беше затворен на 17 април годинава поради реновирање.

Овој маркет е вистински пример за одлична соработка и почит меѓу станарите од зградата во која се наоѓа објектот, претставниците на локалната самоуправа и компанијата, која долги години е присутна во Жабљак, изјави Оливера Лакониќ од компанијата „Воли“.

Освен проширениот асортиман, реновираниот објект е збогатен и со месарница и пекарница.

По повод отворањето на обновениот „Воли“, трговецот донира 10.000 евра на општина Жабљак за изградба на детско игралиште во рамките на Спомен-паркот на загинатите војници.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...