Регион

Хрватска: „Хајнекен“ покрена кампања за одговорно растење

22 Jun 2023

Во средните училишта во Хрватска 11 година по ред ќе се спроведува иницијативата на компанијата „Хајнекен“ и психолошкиот центар „Теса“ наречена „За одговорно растење на младите“. Во рамки на проектот, психолозите на „Теса“ со роделите и колегите ќе ги споделат своите знаења, совети и најдобри практики за успешна комуникација со адолесцентите. 

Интерес за учество во проектот изразија 40 средни училишта во Хрватска. 

Растењето на нашите деца навистина е единствен предизвик, таков кој секогаш постои и никогаш нема да исчезне, но нашето опкружување се менува. Тоа што авој проект го прави актуелен и покрај тоа што се спроведува 11 години, е фактот дека од година во година имаме училишта што самоиницијативно ни се јавуваат дали повторно ќе го има проектот. Повратните информации од родителите и од наставниците ни се „ветар во грб“ да продолжиме понатаму. Тие ни се важни затоа што ни даваат информации за што се грижат родителите, па работилниците ги прилагодуваме според нивните потреби, да добијат одговори и конкретни совети, изјави Тања Дејановиќ Шагадин од „Теса“. 

Од „Хајнекен“ - Хрватска соопштија дека се срежни што иницијативата продолжува. 

Заговараме нулта толеранција за малолетничката консумација и сметаме дека комуникацијата со адолесцентите треба да вклучува разговор на оваа важна тема. Со поддршка на стручните лица, сакаме да ги поддржиме родителите и да им помогнеме да го совладаат адолесцентскиот период од животот на нивните деца. Драго ни е што овој проект беше препознат од „Хајнекен“ глобално, па годинава беше претставен како пример за добра пракса пред колегите од цел свет, соопштија од „Хајнекен“ - Хрватска. 

До сега во рамки на проектот „За одговорно растење на младите“ се одржани повеќе од 200 предавања за 5.500 родители, програмата за усовршување на стручните соработници е одржана во повеќе од 70 училишта во Хрватска. 

Извор: InStore.hr

 

    



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...