„Фортенова група“ почна процес на продажба на уделот во компанијата која е 100 отстотен сопственик на „Фортенова“ - „Фортенова груп мидЦо Б.В“, компанија регистрирана во Холандија.
Хрватските медиуми пренесоа дека е отворен меѓународен процес на испитување на интересите на потенцијалните инвеститори за купување удел во „Фортенова“, за што како советник е ангажирана меѓународната инвестициска банка „Лазард“. Во „Фортенова“ очекуваат дека целиот процес може да заврши до наесен.
Претпоставка е дека компанијата конечно сака да го реши проблемот со санкционираните ко - сопственици, руската банка „Сбербанк“ и ВТБ, кои заедно држат 49,9 отсто од сопствеништвото во „Фортенова група“. Иако самата „Фортенова“ не е под санкции, санкционираното косопствеништво значително го отежнува работењето и негативно влијае врз вредноста на компанијата за сите акционери и оневозможува постигнување одржливи и ефикасни капитални структури. Да потсетиме дека минатата година „Сбербанк“, како доминантен сопственик со 43,5 отсто удел, се обиде во договорен легален рок да го продаде својот косопственички пакет на приватно лице од Обединетите Арапски Емирати, што не ја помина ниту хрватската ниту европската правна бариера. Се покажа дека постојат оправдани сомневања дека зад таа купопродажба стојат лица од рускиот естаблишмент кои имаат и бизниси во Хрватска.
Извор: Vecernji.hr
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.