Регион

Развојна регионална конференција на „Валикон“

13 Apr 2023

На крајот на март, во инспиративната околина на термалните бањи „Св.Мартин“ (Хрватска) се одржа традиционалната развојна конференција - DevConf 2023 на „Валикон груп“, една од најголемите компании во областа на маркетинг истражувањата во регионот.

За два дена, повеќе од 60 вработени од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија презентираа 32 презентации кои се однесуваат на иновативни решенија и проекти од областа на маркетинг истражувањата, вклучително и употребата на вештачка интелигенција во истражувањата, која интелегенција во моментов ги разбира сите јазици од регион Адриа.

На конференцијата, големо внимание привлече стандардниот модел NPS, овој пат надограден и именуван како NPS 2.0 кој е незаменлив кога станува збор за следење на искуството на корисниците во секторот услуги. Заради новите карактеристики, како што се автоматско кодирање на отворените одговори и можноста за поставување дополнителни прашања на корисниците во реално време, моделот NPS 2.0 веќе ни овозможува да ги прашаме корисниците за конкретни причини околу нивното (не)задоволство, врз основа на нивниот првичен одговор. NPS 2.0, кој лесно се интегрира во IT системот на секоја компанија, е и првиот производ од интерес на пошироката деловна јавност, а истиот ќе биде претставен и во целиот регион Адриа, соопштија од „Валикон“. 

Од компанијата велат дека одличен впечаток на присутните им оставило претставувањето на ефектите од методот NEURO, метод кој ги надгради решенијата за евалуација на реклами кои решенија со помош на научни невролошки анализи и релевантни технологии, нудат уникатен увид во несвесните реакции на потрошувачите. Беше претставена и новата информативна база на податоци AllShopper која континуирано ги следи потрошувачите и нивното однесување во продавниците и супермаркетите.

Ова се само мал дел од новите маркетинг решенија кои беа преставени на развојната регионална конференција на Валикон, кои постојано ги надградуваме со цел да станеме водечки извор на маркетинг информации и алатки во регионот, што останува наша визија за иднината, велат од „Валикон груп“.

За „Валикон“

„Валикон“ е една од водечките компании за маркетинг консултантски и истражувачки услуги во Југоисточна Европа. „Валикон“ е специјализиран за мали пазари, приспособени решенија, напредна методологија и длабински преглед во деловното работење на клиентите. Основно, дејноста на компанијата е маркетинг совет врз основа на маркетинг истражување. Знаењата и вештините на нашите вработени се однесуваат на бренд менаџмент, менаџмент консалтинг, иновации, медиуми, прогнозирање на трендови, онлајн стратегии и ископување податоци. „Валикон“ на своите клиенти им нуди истражувачки услуги кои се однесуваат на целиот регион Адриа (поранешна Југославија) со што се издвојува како лидер за маркетиншки истражувања во регионот.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...