Регион

„Свислион“ инсталираше фотоволтаична централа во Требиње

17 Feb 2023

Откако минатата година беше потпишан договорот за изградба на најголемата приватна фотоволтаична централа во БиХ, меѓу „Еуро солар“ и компанијата „Свислион Таково“, изградбата неодамна беше целосно завршена.

Станува збор за изградба на соларна централа во Требиње на површина од над 20.000 метри квадратни заврши.

Годишното производство на оваа соларна централа ќе биде повеќе од 4.000 MWh и ќе служи не само за потребите на компанијата „Свислион Таково“, туку и за продажба на електрична енергија и на ваков начин остварување профит.

Еуро Солар е овластен дистрибутер на компаниите „Лонги“ и „Хуавеи“ за Босна и Херцеговина, а за потребите на оваа електрана се поставени 9.000 соларни панели на реномираниот производител „Лонги“. Дополнително, беа инсталирани 20 инвертери произведени од „Хуавеи“.

По успешното завршување на првата фотоволтаична централа во фабриката во Требиње, намерата на „Свислион Таково“ е вакви централи да изгради и во други фабрики.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...