Регион

„Меркатор“ ги презема супермаркетите „Франца“

10 Feb 2023

„Меркатор“ во Црна Гора, во раки на кој работат маркетите „Идеа“, поднесе барање до Агенцијата за заштита на конкуренцијата да го одобри преземањето на супермаркетите „Франца“. Во објавата на Агенцијата во „Службен весник“ се наведува дека предложената концентрација се однесува на стекнување контрола над маркетите „Франца“, пренесе црногорскиот портал „Побједа“. 

Најавите за оваа трансакција се појавија од пред една година, но тогаш информациите не беа официјално потврдени. 

Според изјавата на Сеад Франца, уште ништо конкретно не се случува, интерес од „Меркатор“ постои, поради што компанијата „Франца“ побарала мислење од Агенцијата за заштита на конкуренцијата. Договор не е потпишан ниту е направен каков било конкретен потег. Ако Агенцијата не одобри, од продажбата не може да биде ништо. Дури и ако одобри, тоа и натаму ништо не значи, бидејќи уште нема никакви конкретни договори. Тоа што е сигурно е дека тоа не би било аквизиција, туку евентуално интеграција која би подразбирала поделени улоги, но се тоа е прашање на договор, кажа Франца.  

Во рамки на супермаркетите „Франца“ работат 69 маркети распространети во речиси сите црногорски општини. Најмногу се во Подгорица (13) и во Будва (8). Компанијата беше основана во рамки на месната индустрија „Месо промет“ која работи од 1990 година.  

„Меркатор“ во Црна Гора има повеќе од 1.600 вработени во 19 црногорски општини и 129 продавници.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...