Групацијата „Фортенова“ исплати 36 милиони куни за додатоци за Божиќ за вработените и за подароци за нивните деца.
Како компанија континуирано се трудиме нашите работни средини да ги направиме што попосакувано место за работа и заедниците во кои дејствуваме да ги менуваме на подобро. Оваа година, според финансиските резултати до сега е најуспешна во историјата на „Фортенова“. Успесите и огромната работа што ја завршивме во 2022 година не би биле можни без значајното ангажирање на сите наши вработени во целиот регион. Исплатата на божиќните награди и подароците за децата се традиционални во овој период од годината, но и сите останати награди што преку цела година ги трансферираме кон вработените, се само еден од начините за благодарност кон нашите колеги за новниот придонес, изјави Фабрис Перушко, главен извршен директор на „Фортенова“.
Од компанијата велат дека различните системи на наградување што ги применуваат се една од причините поради кои расте позитивната перцепција за „Фортенова“ како посакуван работодавач.
Извор: Пословни.хр
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.