Регион

„Конзум“ е најголем трговец во Хрватска во 2021

12 Dec 2022

Прометот во хрватскиот малопродажен сектор во 2021 година изнесуваше 43,4 милијарди куни (5,7 милијарди евра) што е за 8,4 отсто повеќе од минатата година, покажуваат последните податоци на хрватската Агенција за заштита на пазарната конкуренција. 

Агенцијата во Извештајот за 2021 година анализираше 47 компании со 4.825 продажни места (+2,5%) и нето продажна површина од 1,5 милиони квадратни метри (+4,8 отсто). 

Според податоците, најголем трговец со прехранбени производи во 2021 година беше „Конзум плус“, со пазарен удел од 20 до 30 отсто. Притоа, компанијата заврши и една аквизиција со купувањето на „Миракол“, кој има 13 мали продажни места во Истра. 

На второ место, „Шварц група“ го продолжи трендот на пораст од минатите години, при што „Лидл“ имаше удел од 10 до 20 отсто, а „Кауфланд“ од 5 до 10 отсто. 

Домашната малопродажба „Плодине“ има пазарен удел од 10 до 20 отсто, додека „Шпар“, „Томи“ и „Студенац“ имаат пазарен удел меѓу 5 и 10 отсто. Меѓу десетте најголеми трговци со прехранбени производи, „Плодине“ забележаа најголем пораст на пазарниот удел во однос на 2020 година. Следат „Томи“ и „Студенац“. 

„Студенац“ е пазарен лидер по бројот на продажни места (696) на кои работи, но тоа главно се продавници од мал формат и супермаркети. 

Супермаркетите и натаму се доминантен тип продавници во Хрватска, кои сочинуваат 50 отсто од вкупниот приход во малопродажбата на прехранбени производи. Следат хипермаркетите со 22 отсто. 

Онлајн продажбата во малопродажбата и натаму е маргинална, а „Конзум плус“ е најголем играч и во оваа област. Програма за лојалност во моментов имаат 16 трговци. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...