„Глово“, една од водечките светски апликации која овозможува пристап до различни категории производи, најави продолжување на стратешкото партнерство со „Идеа“. Овие два бренда, во рамки на партнерството, отворија три продавници „Идеа експрес“ во Белград со понуда на производи што се нарачуваат исклучиво онлајн, преку апликацијата „Глово“.
Со тоа, на купувачите во Белград им се достапни над 500 различни производи од различни категории, како што се овошје и зеленчук, пијалаци, млечни производи, грицки, слатка програма, лична хигиена, средства за чистење и други, со многу брза испорака. Маркетите се со просечна површина од 350 квадратни метри и функционираат како комерцијален простор посебно дизајниран за купување во близина. Нудат испорака за најмногу 30 минути, со што на купувачите им овозможуваат брз пристап до производите од различни категории во тек на цела година. Трите маркети „Идеа експрес“ во Белград се стратешки позиционирани да обезбедат оптимална покриеност на градот.
Покренувањето на овие маркети на српскиот пазар и преминувањето на нова фаза - ултра брза испорака - е многу значајно за нас. Овој нов малопродажен концепт е осмислен и креиран во согласност со потребите на нашите корисници и претставува директен одговор на промените во нивните навики и потребите за моментна испорака на производите. Со овие три продавници, испораката на „Идеа експрес“ покрива повеќе од 80 отсто од Белград, соопштија од „Глово Србија“.
Плановите за во иднина се натамошно ширење на мрежата „Идеа експрес“маркети во други градови и постојано унапредување на асортиманот во согласност со потребите на купувачите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.