Регион

Хрватска воведува данок на екстра - профит за 2022 година

17 Nov 2022

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска најави воведување данок на екстра  -профит во земјата.

Законот за дополнителен данок на доход го испраќаме на јавна расправа. Тоа значи дека оние кои имаат повеќе им помагаат на оние кои имаат помалку. Сметаме дека овој вид данок би бил солидарен придонес, рече Пленковиќ на владина седница, додавајќи дека „не се работи за казнување на оние кои се успешни“.

Данокот првенствено е наменет за прераспределба на профитот на даночните обврзници кои ќе остварат значително повисоки нивоа на добивка во однос на четиригодишниот просек. Во хрватскиот систем за оданочување на добивка веќе има две стапки и два прагови, а со новиот данок, во оваа кризна ситуација, дефакто се воведува уште еден праг и уште една стапка.

Апелот на хрватските работодавачи до Владата да седне со претприемачите наместо да се воведе данок на дополнителна добивка и да се разговара за мерките за ублажување на кризата привлече големо внимание, поради драматичните информации дека нарачките од хрватските компании во голема мера се стопирани во Германија, анализира „Пословни дневник“. Тие велат дека сценариото е исто со работните места во Австрија и Италија и другите европски земји. Се соочуваме со криза кај сите наши најголеми трговски партнери, а првите последици се веќе видливи во домашната економија. Нарачките се откажуваат во сите сектори, а особено е загрозена преработувачката индустрија, каде што некои членови бележат целосен прекин на нарачките. Истражувањето покажа дека нарачките се откажуваат од Германија, Австрија, Италија, Словенија, па дури и од Швајцарија. За следните шест месеци веќе се бележи пад на нарачките од 40 отсто, а има и примери каде падот е 80 отсто. Дел од членовите пријавуваат и целосно прекинување на нарачките, се вели во одговорот од хрватското здружение на работодавачи.

Од Здружението објаснуваат дека овие податоци покажуваат дека засега не е време за експериментален данок бидејќи дополнително ја зголемува неизвесноста кај бизнис заедницата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...