Регион

Звонимир Бутерин е новиот претседател на НО „Виндијa“

30 Aug 2022

На редовното Генерално собрание на водечката хрватска прехранбена компанија беше објавена стратешката насока на натамошниот развој на компанијата, во која важна улога ќе има новоименуваниот претседател на Надзорниот одбор, адвокатот Звонимир Бутерин.

Покрај резултатите за изминатата година беа презентирани и резултатите за првите шест месеци од годинава.

И покрај бројните предизвици и превирања на пазарите, пред сè зголемените цени на суровините и енергијата, групацијата „Виндија“ постигна консолидиран пораст на приходите од 9,5% во 2021 година, а со задржување на фокусот на технолошкиот напредок и подобрувањето на производите, ја задржа профитабилноста дури и преку првите шест месеци од годинава. Се истакнува и податокот дека се зајакнува и извозот, кој сочинува 25 отсто од вкупната продажба на стоки.

Со назначувањето на Бутерин на функцијата претседател на Надзорниот одбор, „Виндија“ дополнително внимание насочува кон идните инвестиции, каде можат да сметаат на неговата стручност бидејќи во својот успешен приватен бизнис дава правна поддршка на домашни и странски страни во сите фази на инвестициски проекти.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...