Пред два месеца малопродажниот синџир „Робот“ почна да го гради центарот во Бусовача, каде што работа ќе најдат повеќе од 50 работници.
Трговскиот центар ќе биде лоциран на земјиште со површина од 10.000 квадратни метри, а зградата ќе има површина од 3.500 квадрати.
Во нашиот центар ќе бидат сместени ресторан и кафуле, како и детска игротека, а во надворешниот дел ќе има и голем паркинг-простор. Планираме да вработиме меѓу 50 и 70 луѓе, изјавија од „Робот“.
Планирано е објектот да биде отворен наесен.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.