Регион

„Атлантик“ ја продаде „Паланачки Кисељак“

29 Jun 2022

„Атлантик група“ потпиша со компанијата „Вик про универзал“ договор за продажба на производната локација „Паланачки Кисељак“ во Смедеревска Паланка. 

Предмет на купопродажбата е вкупната производна локација со целиот свој имот, вклучувајќи го и традиционалниот бренд минерална вода на пазарот на Србија - Karađorđe. Новиот сопственик ќе ги преземе и вработените во компанијата „Паланачки Кисељак“. На оваа локација „Атлантик група“ произведуваше и полнеше производи за брендот Cockta.

Стратешкиот купувач „Вик про универзал“ со седиште во Белград има долгогодишно искуство во сегментот вода и безалкохолни пијалаци, досега примарно на подрачјето трговија, па има визија и амбиција долгорочно да ја развива „Паланачки Кисељак“ и вработените тука, што претставува добра перспектива за оваа локација. 

Продажбата е во рамки на процесот на дезинвестирање во помалите и несуштински дејности во склад со корпоративната стратегија на „Атлантик“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...