На почетокот на јуни член на Управниот одбор на „Фортенова груп“, Сергеј Волк, поднесе оставка од сите позиции во групацијата, со што ги заврши сите должности во раководните тела.
Во исто време, претпријатието Open Pass му предложи на Собранието на иматели на депозитари Павао Вујновац да биде именуван за член на Управниот одбор на „Фортенова груп“, додека Дамир Спудиќ беше предложен за директор на холандските структури... За овие предлози на седница на Собранието ќе одлучуваат имателите на депозитни уверенија.
Му благодариме на г-дин Волк за неговиот личен ангажман и придонес за стабилизирање на бизнисот на „Агрокор“ за време на вонредната администрација, особено за постигнување договор со доверителите, а потоа и за силниот развој на „Фортенова груп“. Му посакуваме многу деловни и приватни успеси во иднина, изјави Фабрис Перушко, член на управниот одбор и главен извршен директор на „Фортенова груп“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.