Регион

„Кока-Кола ХБЦ“ воведува картонско пакување KeelClip

09 Jun 2022

„Кока-Кола ХБЦ“ - Хрватска престанува да користи фолија за пластична амбалажа и почнува со примена на иновативна минималистичка картонска амбалажа KeelClip, која може целосно да се рециклира.

KeelClip ќе се користи на сите пакувања до шест лименки Coca-Cola, Coca-Cola Zero и Schweppes, а потоа ќе се прошири на дел од остатокот од палетата на безалкохолни пијалаци кои излегуваат на пазарот во лименки.

Со иновативни решенија, како што е KeelClip, „Кока-Кола ХБЦ“ - Хрватска се стреми да придонесе за создавање свет без отпад. Станува збор за сеопфатен повеќегодишен план лансиран во соработка со стратешкиот партнер, „Кока-Кола компани“, кој има за цел да одговори на предизвиците на пакувањето. Како дел од планот, една од целите е примарното пакување што го користи „Кока-Кола ХБЦ“ целосно да се рециклира до 2025 година, а дополнителен чекор во таа насока е воведувањето на KeelClip™.

Спроведувајќи ја оваа програма, „Кока-Кола ХБЦ“ - Хрватска веќе ја намали вкупната употреба на пластика за четвртина во последните 10 години со користење на полесни шишиња што ги произведуваат во соработка со нивните доставувачи и партнери. Воведен е нов тип на пластично затворање, што овозможило тежината на затворањето да се намали за речиси 30%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...