Симон на челната позиција доаѓа од местото член на Управниот одбор на месната индустрија „Вајда“, каде што беше задолжен за управување со системот на соработка со домашните сточари и производниот сегмент.
Според него, функцијата претседател на УО ја смета за личен предизвик.
Би сакал да му се заблагодарам на мојот претходник, Ален Кајмовиќ, кој и покрај исклучително тешките пазарни околности, овозможи пораст и развој на „Вајда“ во изминатите четири години. Во тој период компанијата се искачи на врвот на најуспешните компании, но и меѓу водечките домашни индустрии за преработка на месо и најуспешните прехранбени компании на национално ниво, рече Симон по повод преземањето на функцијата, додавајќи дека тој дојде на функцијата со оптимизам.
„Вајда“ е дел од групацијата „Пивац“ и е еден од најголемите преработувачи на месо во Хрватска, а производството се базира на домашни суровини, додека најголем дел од вкупното производство е свежо месо.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.