Регион

„Нелт груп“ го објави извештајот за одржливост

08 Jun 2022

„Нелт груп“ во просториите на Стопанската комора на Србија го презентираше Извештајот за одржлив бизнис за 2020/21 година, насловен „Континуитет, стабилност, агилност“.

Ова е четврти извештај на компанијата, која од 2014 година транспарентно комуницира за своето работење според глобалниот методолошки стандард - Global Reporting Initiative (GRI).

Како што беше речено, во претходните две години, во периодот одбележан со пандемијата на ковид, компанијата покажа силна посветеност на здравјето и безбедноста на вработените, како и нивниот професионален развој. На пазарите каде што работи, групацијата донирала повеќе од 350.000 евра за заедниците.

„Нелт груп“ соопшти дека постојано го трансформира и иновира својот бизнис. Примарни цели на овие процеси се дигитализација на бизнисот, ориентацијата кон купувачите и потрошувачите преку зголемена ефикасност, но и оптимизација на користењето на ресурсите и намалување на негативното влијание врз животната средина.

Покажавме дека сме одржлив систем кој може да биде поддржан од вработените и пошироката заедница, како и дека сме агилна компанија која брзо се приспособува и постојано работи на подобрување на деловните процеси. Добар показател се нашите приходи, кои за првпат во 2021 година надминаа една милијарда евра, изјави Милош Јелиќ, извршен директор на „Нелт груп“, додавајќи дека стратегијата и долгорочната одржливост на компанијата се засноваат на понатамошни инвестиции во луѓето и диверзификација на брендовите и услуги.

„Нелт груп“ работи во Европа и Африка, на 12 пазари, вработувајќи повеќе од 4.000 луѓе во 18 компании. Неодамна усвои тригодишна стратегија Accelerate 2025, фокусирана на здрава организација, корпоративни вредности, инфраструктура и технологија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...