Регион

„Студенац“ го презеде „Лониa“

07 Jun 2022

„Студенац“, еден од водечките малопродажни синџири во Хрватска, го презеде трговскиот синџир „Лониa“ со 300 продавници во шест жупании во Загреб, со повеќе од 1.400 вработени. 

Со тоа „Студенац“ ја потврди позицијата на водечки трговец во Хрватска по број на продавници - прв е што во својата мрежа има повеќе од 1.000 продавници, при што на услуга на купувачите се повеќе од 5.500 вработени.

Тоа значи дека во последните три години речиси тројно ја зголемивме нашата продажна мрежа. Истовремено, имаме најголем пазарен удел кога зборуваме за малите продавници, оние што на купувачите им се на дофат на рака и го нудат сето тоа што им е потребно. Тука нема да застанеме, ќе продолжиме силно да растеме и тоа со забрзана дигитална трансформација во работењето, соопштија од „Студенац“. 

Веднаш ќе почне деловната интеграција со двете компании, а ќе следи и промена на визуелниот идентитет на „Лониa“ кој ќе продолжи да работи под брендот „Студенац“. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...