Регион

„Монделез“ напредува кон остварување на целите

01 Jun 2022

Компанијата „Монделез“ го објави својот извештај за 2021 година во кој покажа напредок кон остварување на краткорочните и долгорочни цели од областите заштита на животната средина, општествена одговорност и корпоративно управување.  

Како што е соопштено, извештајот го потврдува прогресот и креирањето одржлива компанија на пазарот со грицки заснован на создавање долгорочни вредности не само за работењето, туку и за заедницата. Оваа компанија останува посветена на тоа да биде една од водечките во областите во кои може да придонесе за зголемување на позитивното влијание. ЕСГ стратегијата и целите на „Монделез“ поставуваат за приоритет достигнување трајни промени во обем низ иновативен и сеопфатен пристап, соработка во правец на трансформација на целиот сектор и усвојување на мерливи решенија. Извештајот за 2021 покажува мерлив напредок во клучни области: одржливо снабдување со суровини, унапредување на амбалажите дизајнирани така да можат да се рециклираат, зголемени активности за решавање на прашањата поврзани со климатските промени, иницијативи за унпаредување на еднаквоста, различностите и инклузијата како и поддршка за добробит на потрошувачите и заедницата. 

Начинот на размислување насочен кон одржливост одамна е интегриран во нашата стратегија за раст додека нпродолжуваме да креираме вредности, го засилуваме нашето работење и ја забрзуваме амбицијата кон изградба на одржлива компанија. Горд сум на исклучителниот напредок што нашата компанија го постигна кон остварување на амбициозните ЕСГ цели, кои се составен дел од нашето долгорочно успешно работење, изјави Дирк Ван де Пут, претседател и извршен директор на „Монделез интернашионал“. 

Повеќе за извештајот на „Монделез“ можете да прочитате тука. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...