Словенечкиот трговец „Меркатор“ ја поздрави одлуката на руската „Сбербанкa“, која одлучи да ги продаде своите 44 отсто удел во матичната компанија „Фортенова“.
Уверени сме дека тоа ќе ги засили стабилноста и развојот на „Меркатор“, соопштија од „Меркатор“.
Томислав Чизмиќ, главен извршен директор на „Меркатор“, изјави дека консолидацијата на сопственичката структура е очекувана, бидејќи компанијата бара стратешки сопственик кој својот развој ќе го поврзе со долгорочен успех на најголемиот трговец во Словенија и во регионот.
„Сбербанка“ ги најави плановите да го напушти работењето на „Фортенова“ во средината на 2021 година, со напомена дека тој процес ќе трае две години. Меѓутоа, санкциите кон Русија поради воените напади кон Украина сега ќе ја забрзаат оваа постапка. „Сбербанка“ стана голем поединечен акционер во „Фортенова“ во 2019 година, во тек на преструктуирањето на долговите на хрватски „Агрокор“.
Во последните години, финансискиот учинок на „Фортенова“ групацијата е значително подобрен.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.