Регион

„Нестле“ отвора нова фабрика во Сурчин

01 Mar 2022

Швајцарската компанија „Нестле“ го одбележа завршувањето на првата фаза од изградбата на новата фабрика во Сурчин, каде што ќе произведува храна на растителна основа.

Во изградбата на втората фабрика „Нестле“ во Србија се инвестирани 67 милиони швајцарски франци. Новата фабрика ќе се простира на 23.000 квадратни метри и ќе обезбеди повеќе од 300 нови работни места.

„Нестле“ во Србија работи 17 години, а новата фабрика во Сурчин, компанијата ја купи од „Центропроизвод“.

Компанијата има 350 фабрики во светот, а новата фабрика во Србија ќе произведува храна од домашни суровини - шницли, медалјони, филети на база на соја, глутен, масло и семе од репка.

Извршниот директор на „Нестле“ за Србија, Црна Гора и Македонија, Марјана Давидовиќ, истакна дека сите суровини што ќе се преработуваат во новата фабрика ќе бидат од Србија.

Како што наведе таа, пред се мисли на сојата, а готовите производи ќе се извезуваат во ЕУ.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...