Регион

По 140 години работа пропадна фабриката за тутун во Сараево

11 Feb 2022

Фабриката за тутун Сараево (ФДС), која што постои повеќе од 140 години, ќе престане со работа на последниот ден од март, врз основа на одлуката донесена од Надзорниот одбор, со што ќе се стави крај на матниот процес на приватизација на компанијата, потврдија од Синдикатот на тутунската индустрија на БиХ, пренесе Хина.

Претседателот на синдикатот Мехмед Авдагиќ денеска за медиумите во БиХ потврди дека работниците на ФДС го информирале дека надзорниот одбор во јануари донел одлука за ликвидација на фабриката, која ќе стапи на сила на 31 март.

Работниците предупредуваа, но не можеа да се борат

Авдагиќ одлуката ја нарече разочарувачка, велејќи дека таа е резултат на фактот што никој не одговорил на бројните предупредувања дека ФДС пропаѓа од 2016 година, кога виенската „Адриатик инвестментс“, која беше партнер со „Бритиш Американ Тобако“ (БАТ), купи контролен пакет од 40 отсто од акциите на владата на Федерацијата БиХ по цена нешто повисока од 20 милиони евра.

После тоа, од ФДС беше формирана нова компанија наречена „Бадеко Адриа“, по што следеше откуп на акции во сопственост на мали акционери и низа комплицирани трансакции кои доведоа до колапс на производството. Највредните марки на цигари како што е легендарната сараевска Drina или поновата Aura се продадени, а дел од овие цигари сега се произведуваат и пакуваат во Ровињ.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...