Регион

Почина творецот на Domacica и на Plazma

01 Feb 2022

Петар Тутавац, творецот на популарните бисквити Domaćica и Plazma, почина на 88 години. Тој е познат како човекот кој ги создаде и првите грисини и беше првиот мајстор за бисквити во поранешна Југославија.

Кариерата му почнала кога во 1949 година се пријавил на курс за правење бисквити што го распишала фабриката „Краш“ од Загреб и станал првиот школуван изработувач на бисквити во земјата. Подоцна се вработил во „Краш“, а неговиот прв оригинален производ била Domaćica  која всушност била негов дипломски труд. Таа подоцна доживеала разни варијации, но основата остана токму онаква како што ја замислил Тутавац. „Краш“ тогаш бил единствената кондиторска индустрија и сите останати што се појавија подоцна произлегоа од него, а Петар, покрај работата, го посетувал и високото училиште на „Краш“ за инженер кондитор во производство.

Врвот на кариерата го достигнал во Пожаревац, каде што ја основал фабриката „Бамби“ и бил еден од креаторите на рецептот за Plazma Тутавац ниеден свој производ не патентирал.

Тоа беа некои други времиња, кога знаењето не се криеше туку се споделуваше. Сè што правев, сите мои рецепти и производи, беа направени под името „Бамби технологија“. Отсекогаш сум верувал дека сето тоа му припаѓа на народот, дека со тоа се зајакнува социјалната сила и угледот на нашата земја на домашниот и светскиот пазар. Тоа беа времиња кога важеа некои други правила и односи меѓу луѓето. Добро ми е и вака, јас сум среќен човек, изјави тој во последното интервју за „Слободна Далмација“.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...