Регион

„Подравка“ им исплати дополнителна награда на вработените пред Божиќ

21 Dec 2021

Управата на „Подравка“ донесе одлука за исплата на дополнителна награда за вработените во износ од по 1.260 хрватски куни (167 евра) и со тоа дополнително да им ги разубави божиќните празници. 

Од „Подравка“ соопштија дека причина за наградата се остварените резултати во првите 11 месеци од годинава, а притоа ценејќи го придонесот и ангажманот на своите работници.   

Со оваа дополнителна награда, покрај неоадмна исплатените по 1.500 куни (200 евра) по повод Божиќ и по 600 куни (80 евра) за секое дете до навршени 15 години кое преку вработените остварува право на здравствена заштита, желбата е да им се заблагодариме на работниците за нивната преданост кон работата, посебно во предизвикувачки услови среде уште актуелната пандемија, велат од компанијата. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...