Регион

„Мере“ наскоро отвора продавница во Сараево

19 окт 2021

Општинскиот суд во сараево го регистрираше друштвото со ограничена одговорност за промет и услуги „Експертторг“ во чии рамки ќе работи рускиот трговски центар „Мере“ кој влегува на пазарот во Босна и Херцеговина. 

Првата планирана продавница треба да почне со работа во јануари 2022 година, најавија од консултантската компанија која го застапува „Мере“ во БиХ.  

После Сараево, следи отворање на маркети ширум земјата - во Мостар, Бања Лука, Тузла, Зеница. Според актуелните планови, „Мере“ во БиХ ќе има од 50 до 80 продавници. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...