Регион

Недостиг од пилешко месо во БиХ

25 Aug 2021

Сѐ помалку пилешко месо има во продавниците во БиХ, а како причини за тоа се наведуваат забраната за увоз на бело месо од Турција и зголемената побарувачка на граѓаните што се вратиле од странство за време на летните одмори.

Домашните производители на живина со години предупредуваат дека се борат да ги пласираат своите производи. Тие го пласираат домашното пилешко по пониска цена, бидејќи пазарот беше преплавен со увезени производи.

Голем дел од нив се откажале од производството, бидејќи евтино пилешко најмногу се увезува од Турција и од Бразил. Кога увозот од Турција беше прекинат поради здравствени неисправности, се појави недостиг во продавниците и домашните производители мораа да ги надоместат количествата.

Потрошувачите не треба да паничат – нема да има недостиг од пилешко месо. Искрено, не очекувавме толкава побарувачка. Гарантирам дека за десетина дена, кога иселениците ќе заминат и побарувачката ќе се намали, ќе има доволно пилешко месо на полиците, изјави Велибор Поповиќ, директор на „Перутнина Птуј“ – БиХ.

Потрошувачите се жалат и дека цената на пилешкото филе рапидно се зголемува во последните месеци. За повисоките цени, освен забраната за увоз на пилешко од Турција, придонесе и сушата, која предизвика зголемување на цените на добиточната храна.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...