Босанскохерцеговскиот трговски синџир „Робот“ продолжува со проширувањето на трговската мрежа низ целата земја. Најновиот продажен објект, отворен на 20 август, е хипермаркетот во Калесија.
Нѐ радува што ги отворивме вратите на објектот во Калесија, кој се простира на површина од повеќе од 3.000 квадратни метри. Задоволство ни е што со реализација на овој проект, ќе го помогнеме развојот на економијата во оваа област. На работа доаѓаат 50 нови работници, што директно влијае на намалување на невработеноста на локално, но и на државно ниво, порачуваат од „Робот“.
Новоотворениот хипермаркет е 34. продажен објект на „Робот“ во БиХ. Од компанијата потврдуваат дека наскоро ќе бидат отворени уште неколку нови продавници низ цела Босна и Херцеговина – во Бугојно, Зворник, Козарска Дубица, Горажде и во Требиње.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.