Регион

Млекарницата „Шабац“ има ново лого

03 Aug 2021

Млекарницата „Шабац“ од Србија го претстави новото лого со кои на потрошувачите им порачува: „Создаваме со љубов од 1931 година“. 

Во јубелејната година, со гордост гледаме кон традицијата на производство на млеко и млечни производи долга 90 години, поради што храбро воведуваме иновации за натамошен развој. Јубилејот, како и значајните иновации во производството, логично, ги следи и нов визуелен идентитет - редизајнирано лого и слоганот „Создаваме со љубов“ кој наскоро ќе го понесе комплетното наше производно портфолио, изјави Маја Георгиевиќ, менаџер за корпоративни комуникации во млекарница „Шабац“. 

Новото лого прво ќе биде аплицирано на Šabačka – брендот бело меко сирење. Истовремени, за сите љубители на сирни намази без конзерванси и адитиви, на пазарот доаѓаат Sirko и A la Kajmak во унапредена и практична амбалажа која може целосно да се рециклира. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...