Регион

„Шпар“ го отвори 100-от супермаркет во Хрватска

23 јул 2021

На влезот во градот Нов Мардоф од вараждинската магистрала, „никна“ 100-от супермаркет на синџирот „Шпар“. 

Тоа што овој „Шпар“ го прави поинаков од останатите е одделот рибарница со свежа риба, одделот месарница со широк избор свежо месо и месо за на скара и големиот избор на готови јадења. За поедноставно купување поставени се и четири брзи каси. Маркетот ќе има 24 вработени. 

Од „Шпар“ соопштија дека и тука ќе ја продолжат соработката со локалните добавувачи. 

Со цел да ја помогне локалната заедница, компанијата по повод отворањето донира кациги за противпожарната служба во Нов Мардоф. 

Работното време на супермаркетот е од 7 часот до 21 часот од понеделник до сабота, и од 7 часот до 14 часот во недела.  

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...