Тања Рихтаршич го презеде управувањето со маркетингот во групацијата СХП за Јадранскиот Регион.
Последните пет години таа ја извршуваше функцијата директор за продажба во АВТ. Рихтаршич има долгогодишно искуство во дистрибуција, продажба и маркетинг во FMCG -секторот. Автор е на повеќе научни и стручни написи во сегментот на однесување на потрошувачите и етичка потрошувачка, а пишуваше и за списанието InStore.
Во 2020 година, на почетокот од пандемијата, заедно со Наташа Маковец напиша научна монографија: Однесувањето на потрошувачите во дигиталното време.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.