„Лидл“ го пласира на пазарот Way To Go чоколадото, направено од какао кое потекнува од одржливо производство во Гана, а чиј процес на производство им овозможува егзистенција на одгледувачите на какао и истовремено ја штити животната средина.
Чоколадото е достапно во сите продавници на „Лидл“, и тоа во четири варијанти: млечно, темно, млечно со бадем и со карамела, како и темно со кокос и со печен орев, по цена која директно овозможува одгледувачите од Гана да обезбедат подобри животни услови за себе и за своите семејства.
Зад иницијативата стои фактот дека какаото, поради различни социјални и еколошки фактори, спаѓа во критичните суровини. Причните се нискиот надомест за одгледувачите, нестабилната цена и неизвесноста на пазарот за какао, злоупотреба на детски труд и сечење на заштитени шумски подрачја поради дополнителна заработка. Со оваа иницијатива на „Лидл“ им се овозможува на одгледувачите директно да профитираат така што трговецот дел од парите од секоја продадена чоколада ги исплатува на производителите. Дополнително, одгледувачите имаат обуки за одржливо производство на какао преку што остваруваат поголеми приноси и приходи, а од друга страна не ја загадуваат природата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.