Регион

Отворена продавница на словенечкиот „Винакопер“ во Виетнам

11 фев 2021
„Винакопер“ е првата словенечка визба со своја продавница за вино во Виетнам. Продирањето на азиските пазари е резултат на партнерство со „Лајка“.
 
Во градот Хо Ши Мин, продавницата ги отвори вратите кон крајот на јануари, каде што посетителите можат да купат поголем дел од вината од подрумот Vinokoper.
 
Наскоро се очекува отворање на уште една продавница за вино, овој пат во Ханој. Компанијата е веќе присутна во Кина, Хонг Конг и Јапонија.
 
Ние сме присутни на кинескиот пазар веќе неколку години, како и во Хонг Конг и Јапонија. Ние сме многу горди што успеавме да отвориме независна продавница, продавница за вино во Виетнам, на почетокот на оваа година. Верувам дека азискиот пазар има голем потенцијал и дека овие први чекори се само почеток на успешната деловна приказна, објаснува Борут Факин, директор на „Винакопер“.
 
Во Виетнам најголем интерес предизвикаа пенливите вина Capris Marine, црвените сорти на линиите  Capris и Capo d 'Istria. Дури 80% од потрошувачката се црвените сорти вино, каде „Винакопер“ гледа најголеми можности за пораст.
 
Освен продажбата на вино ќе се организираат и едукативни семинари и дегустации, а ќе бидат организирани и вечери на вино.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Бинго“ го презеде ИНИТ од „Фортенова“

25 фев 2021

Руски гигант отвори маркет во Србија

25 фев 2021

Наскоро нова фабрика месната индустрија „Равлиќ“

25 фев 2021

„Дон Дон“ планира да продаде 10 милиони крофни оваа година

25 фев 2021

Нектар најави „зелена“ мисија

25 фев 2021

Малите производителите од БиХ отсега повидливи

25 фев 2021
Вчитува уште новости...