Регион

Михаило Јанковиќ нов генерален директор на „МК груп“

13 Jan 2021

Михаило Јанковиќ е новиот генерален директор на „МК груп“, една од најголемите компании во регионот, која работи успешно повеќе од 35 години.

Јанковиќ, заедно со потпретседателот на „МК груп“ Александар Костиќ и топ-менаџмент на компанијата, ќе работат на дефинирање и спроведување на корпоративната стратегија и политиката на инвестиции. Јанковиќ ја презеде новата функција на 1 јануари 2021 година.

Своето богато лидерство и менаџерско искуство, Михаило Јанковиќ го стекна работејќи во водечки мултинационални компании, како и компании во сопственост на приватни инвестициски фондови и приватни регионални компании – „Бритиш Американ тобако“, „Кока-кола компани“, „Књаз Милош“ и „Нектар“. Тој има долгогодишно искуство во областа на деловните и стратешки трансформации на компаниите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...