Регион

„Подравка“ потпиша договор за стратешко партнерство со „Маринада“

21 Dec 2020

Во петокот „Подравка“ потпиша договор за стратешко партнерство со мостарската компанија „Маринада“, со која хрватскиот прехранбен гигант соработува во сегментот индустриско производство на домати и друг зеленчук.

Како што известија од мостарската компанија, „Подравка“ ќе го преземе целосното водење и управување со процесите на земјоделско производство во Херцеговина. Тоа подразбира координација на работата на задругите и другите заинтересирани што произведуваат индустриски домати и друг зеленчук.

Договорот го потпишаа Лилјана Шапина, членка на управата на „Подравка“, и Маја Марушиќ, директорка на „Маринада“.

„Подравка“ гради фабрика за преработка и складирање на овошје и зеленчук произведени во регионот Херцеговина, на периферијата на Мостарско Блато, меѓу Мостар и Широки Бриег.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...