На седницата на Надзорниот одбор на „Краш“ во петокот, Давор Бошњаковиќ е именуван за нов член на Управниот одбор.
Пред да дојде во „Краш“, Бошњаковиќ беше претседател на Управниот одбор на „Белје плус“, а од 1 јануари 2021 година ќе биде одговорен за производство и набавка во „Краш“.
Ова е голем предизвик за мене, но и голема чест што ќе се обидам да ја оправдам, придонесувајќи за зајакнување на пазарната позиција на компанијата и создавање нови вредности, но истовремено, и почитувајќи ја стогодишната традиција. Заедно, можеме да го направиме „Краш“ уште посилен и поуспешен, рече тој.
Бошњаковиќ во Управниот одбор им се придружува на претседателот Славко Ледиќ и на советничката Милена Вушак. Тој доаѓа на местото на досегашниот член на Управниот одбор Дамир Булиќ, кој ќе ја продолжи кариерата во „Краш“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.