Трговската комора на Словенија одлучи да покрене иницијатива за оценка на уставноста на Законот за трговија.
Измените и дополнувањата на овој закон, кои треба да стапат на сила в сабота, ја забранија(со неколку исклучоци) работата на продавниците во недела и на празници.
Има доволно елементи за оценка на уставноста на овој закон. Ѝ наложивме на една адвокатска канцеларија да подготви правна анализа која треба да е готова следната недела, соопштија од Комората.
Словеничките трговци веруваат дека неработењето на продавниците, во време на ковидкризата, ќе има сериозни последици врз нив. Работното време ќе се намали за 16 отсто, а како резултат на тоа, приходите ќе паднат за најмалку 10 нотсто, под претпоставка дека купувањето ќе се префрли во другите денови од неделата.
Точната проценка за бројот на вработени кои би можеле да останат без работа се подготвува врз основа на податоците од трговските компании кои ќе се пруклучат кон иницијативата за оценка на уставноста на законот. Сега се достапни груби проценки според кои без работа можат да останат 12.000 работници, соопштија од Трговската комора на Словенија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.