Македонија

Македонска берза во публикација објави податоци за 20 најликвидни компании

09 Oct 2020

Македонската берза ја објави новата публикација „Факти за котираните компании“.  

Публикацијата содржи податоци за најликвидните 20 котирани компании на Официјалниот пазар (Супер котација, Берзанска котација и Задолжителна котација), селектирани според прометот од редовно тргување во периодот 01.01.- 30.06.2020 година, како и збирен преглед за останатите котирани компании со кои се тргувало заклучно со 31.08.2020 година.

Секој преглед за котирано друштво е поделен на три дела. Првиот дел содржи основни податоци за друштвото, пазарни податоци за 2019 година и пазарни податоци за период 01.01.-31.08.2020 година. Промената на просечната цена е пресметана како релативен однос на просечната цена на 31.08.2020 и просечната цена од 30.12.2019 година. 

Графиконот го покажува движењето на просечната цена на акцијата и прометот остварен од редовно тргување во денари во периодот од 01.01.2020 до 31.08.2020 година.Вториот сегмент вклучува податоци од неревидираните финансиски извештаи за првото полугодие од 2020 година за котираните друштва, за дел од нив се користени консолидирани финансиски извештаи. За 2019 и 2018 година користени се податоци од годишните ревидирани биланси на успех и биланси на состојба.

Третиот дел се финансиските показатели, кои се пресметани врз основа на пазарните податоци за период 01.07.19-30.06.2020, како и 2019 и 2018 и податоците од финансиски извештаи од првото полугодие за 2020 и годишните финансиски извештаи за 2019 и 2018 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...