Владата во недела ќе ги објави мерките од четвртиот пакет. Денеска се одржуваат последните консултации на економскиот тим министри со претставници на коморите, за утре е закажн состанок на вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со Економско социјалниот пакет.
Ова го соопшти премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Љуботен, наведувајќи дека со ова се затвораат дебатите за развој на мерките.
Тој потенцира дека мерките се однесуваат на период до крајот на годината и оти дел ќе се носат преку одлуки на Влада, еден дел треба да поминат во Собранието, бидејќи, како што појасни, сега не се носат со уредби на Владата како што беше претходно во постоењето на вонредната состојба.
Според него, Владата е фокусрана кон поддршка на економијата, работните места и посиромашните граѓани, затоа што, како што рече, само така може да очекуваме идни приходи во буџетот, со задржување на работните места. Мерките се предвидени за до крајот на годината.
Рационални сме во одлуките. Веројатно во декември ќе развиеме следни пакети за од јануари до март, април, мај до кога ќе бидат и предвидувањата. Сепак и во овој пакет има мерки што ќе важат до крајот на 2021 година. Имаме одложуваање на акотанции, ослбодување од даноци, истакна Заев, додавајќи дека не сите еднакво патат од кризата, кај некои има 100 отсто влијание, кај некои 30, кај некои и помалку.
Во однос на субвенционирањето на плати по етничка основа, Заев посочи дека тоа е јасно определено во програмата во делот каде се работи за водење грижа за еднаквоста при помагањето, односно рамномерниот регионален развој.
Граѓаните се еднакви, еднаквоста мора да биде застапена, но не може да кажеме дека сме еднакви ако Кумановскиот Регион има најмногу невработени, после тоа е Скопскиот и сите други региони. Тоа значи дека треба да има посебна ориентација по регионите каде има најголема невработеност. Посебно не може да кажеме и дека ни се исто развиени селата и градовите, што значи поголем фокус на селата во делот на поддршката на работни места, инвестиции или развој на севкупните економски аспекти, рече Заев.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.