Македонија

Државата ќе гарантира за фирмите полесно да земат кредити

18 Sep 2020

Државата ќе биде гарант на фирмите за полесно да можат да земат кредит во комерцијалните банки, а државната гарантна шема треба да започне да профункционира до крај на годината, најави министерот за финансии, Фатмир Бесими на средба со стопанствениците во Стопанска комора на Македонија.

Министерството за финансии со 10 милиони евра ќе гарантира неколкукратно повисоки суми на кредити за малите и за средни претпријатија. Гарантната шема ќе оди преку Развојната банка, додека средствата ќе се пласираат преку комерцијалните банки.

Бесими посочи дека со оваа мерка ќе се подобри ликвидноста на компаниите, ќе се олесни можноста за реализација на тековните активности, но и ќе се поттикне инвестициската активност, што е суштинска за раздвижување и ревитализација на економијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...