Македонија

СКСЗМ: Економијата да биде приоритет на новата влада

13 Aug 2020

Владата да се формира што поскоро, економијата да биде приоритет, а во советодавниот тим да бидат вклучени аполитични експерти кои ќе имаат постојана комуникација и консултации со бизнисот, апелираат од Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).

Според Комората, поради Ковид-19 економијата во земјава минува низ длабока криза со која никогаш се немаат соочено ниту компаниите, ниту државните институции. Формирањето на новата влада и целосното функционирање на институциите е неопходно за да се санираат предизвиканите штети и да се проектираат натамошните чекори за тоа како ќе се развиваат процесите и програмите за закрепнување на економијата, која е една од главните столбови на државата.

Имајќи го предвид фактот дека рокот истекува, апелираме до политичките партии што поскоро да ја изразат нивната одговорност преку формирање на новата влада, давајќи им приоритет на економскиот аспект и борбата против последиците од Ковид-19. Последиците од вирусот имаат и продолжуваат да предизвикуваат големи штети во економијата кои резултираат со банкротирање на бизнисите, отпуштања од работа и неликвидност. За да бидеме колку што е можно подготвени за можен втор бран на вирусот, потребно е државата да им претходи со неопходни мерки на претпазливост и во случај на таквите состојби нашата земја да не се оптоварува и со формирање на владата, соопштија од СКСЗМ.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...