Македонија

Доделена е првата транша од евтините кредити од 50 милиони евра од Развојна банка

31 јул 2020

Доделена е првата транша од евтините кредити од 50 милиони евра од Развојна банка на Македонија пласирани преку комерцијалните банки. Доделени се 25,6 милиони евра на 105 компании по каматна стапка од 1,6%, соопшти министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Оваа кредитна линија беше дел од вториот сет мерки на Владата. Средствата се обезбедени преку Европската инвестициона банка. Државата субвенционира дел од каматната стапка со цел кредитите да може да се понудат преку комерцијалните банки со каматна стапка до 1.6 отсто.

Компаниите на кои им се одобрени евтините кредити се од следниве сектори:
* Производство
* Угостителство
* Транспорт
* Услуги
* Трговија
* Здравство

Заедно со Ковид 1 и Ковид 2 бескаматните кредитни линии на Развојната банка, во стопанството досега се вбризгани над 38 милиони евра за подобрување на ликвидноста во време на КОВИД-19 кризата, а со нив се поддржани 1.436 претпријатија и 16.777 работни места. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Два нови „Дим маркети“ во Скопје

30 јул 2020

Нов „Рептил“ во Центар

30 јул 2020

Стопанската комора бара извршен директор - се пријавија 35 кандидати

30 јул 2020

Раст на буџетските приходи за првпат од почетокот на кризата

30 јул 2020

Отворен е првиот „Кипер“ во Охрид

30 јул 2020

„Пекабеско“ донираше 7 тони храна

30 јул 2020
Вчитува уште новости...