Македонија

Во март беа отворени е-продавници колку во цела 2019 година

30 јул 2020

Министерката за финансии Нина Ангеловска, објави дека значително расте бројот на нови е-продавници и е-трансакции со ковид пандемијата. Во март има отворено скоро еднаков број на е-продавници, како во цела 2019 година.

Според неа, компаниите се адаптираат и отвараат нов продажен канал за полесен пристап до потрошувачите, справување со намалениот промет на физичките локации, како и зголемување на конкурентноста и пристап по поголем пазар. Но, расте и бројот на нерегистрирани продавачи поради што вчера заедно со УЈП, Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат, Стопанската комора, Сојузот на стопански комори, Асоцијацијата за е-трговија и Агенцијата за пошти разговарале за она што може да се преземе веднаш како одговор во борбата против сивата економија во е-трговијата.

Во Министерство за финансии уште пред кризата изготвивме предлог акциски план за борба со сивата економијата, во кој воведовме посебен дел наменет за сивата економија во е-трговија, кој вклучува активности за системски решенија, градење на капацитетите на институциите и кревање на свеста кај граѓаните. На кус рок ќе ги зајакнеме расположивите институционални механизми и контроли со цел да се намали сивата економија, додека на среден рок потребна е законска рамка за е-трговија која ќе ги постави јасно правилата со цел – од една страна да се заштитат потрошувачите и нивните права, а од друга страна фер конкуренцијата на пазарот и наплатата на давачките во државната каса, објави Ангеловска. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Два нови „Дим маркети“ во Скопје

31 јул 2020

Нов „Рептил“ во Центар

31 јул 2020

Стопанската комора бара извршен директор - се пријавија 35 кандидати

31 јул 2020

Раст на буџетските приходи за првпат од почетокот на кризата

31 јул 2020

Отворен е првиот „Кипер“ во Охрид

31 јул 2020

„Пекабеско“ донираше 7 тони храна

31 јул 2020
Вчитува уште новости...