Износот за поврет на ДДВ кај физички лица за второто тримесечје можно е да претрпи промена бидејќи УЈП планира измени според кои за купени македонски производи ќе се врши поврат на 20 отсто, а кај странски производи 10 проценти.
Новата пресметка УЈП ќе ја изврши за периодот од 12 јуни па затоа кај физичките лица можно е да има изменет износ.
Со Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физички лица за време на вонредна состојба враќањето на делот од данокот на додадена вредност пресметан на прометот на македонски добра и услуги се врши во висина од 20 отсто, а за останати добра и услуги се врши во висина од 10 отсто, од пресметаниот данок на додадена вредност искажан во поединечна фискална сметка. Оваа пресметка се врши oд денот на влегувањето во сила на Уредбата со законска сила и не подоцна од 31 декември 2020 година, соопштија од УЈП.
Од таму додаваат дека со цел имплементација на мерката преку која се поттикнува потрошувачката на македонските добра и услуги, Управата за јавни приходи брзо и ефикасно ја приспособи апликацијата МојДДВ преку која на граѓаните кои скенираат фискални сметки за купените македонски добра и услуги ќе им се изврши поврат во висина од 20 отсто, а за останатите добра и услуги во висина од 10 отсто од пресметаниот данок искажан во фискалната сметка.
Со овие приспособувања за скенираните сметки од 12 јуни 2020 година, повторно ќе се изврши пресметка, според раздвојувањето на македонски добра и услуги со 20 отсто и останати добра и услуги со 10 отсто, наместо досегашните 15 отсто поврат на ДДВ.
Според Управата за јавни приходи со оваа нова функционалност, МојДДВ освен враќање назад пари кај граѓаните и борба против неформалната економија ќе придонесе и кон ревитализирањето на домашната економија, а Управата за јавни приходи уште еднаш се докажа дека е партнер на македонското стопанството во надминување на последиците од здравствено економската криза и поддржувач на домашната економија.
Се вчитува следна вест...