Прифатени се 5.000 приговори за домашната платежна картичка испратени од средношколци и студенти, односно млади лица од 16 до 29 години. Заедно со претходно усвоените приговори, досега вкупно се прифатени 7.000 приговори, објави министерката за финансии, Нина Ангеловска.
Голем број од средношколците и студентите вчера реагираа дека не добиле одговори дали ќе видат прифатени нивните приговори за државните платежни картички од третиот сет на економски мерки против корона-кризата.
Во текот на утрешниот ден овие лица ќе бидат додадени на листата на kupuvandomasno.gov.mk и нивните платежни картички ќе почнат да се печатат. Сите кои ги исполнуваат условите ќе добијат домашна платежна картичка, објави Ангеловска.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.