Македонија

Пад на индустриското производство на месечно ниво, пораст на годишно

30 Jun 2020

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во мај годинава се пониски за 0,3% на месечно ниво и повисоки за 0,2% на годишно ниво, објави Државиот завод за статистика.

Според статистичките податоци за мај 2020 година, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите трајни производи за широка потрошувачка за 0,3% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8%.

Во мај 2020 година, во споредба со истиот месец во 2019, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите капитални производи за 0,1%, трајни производи за широка потроошувачка за 3% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...