Македонија

Домашната платежна картичка веќе ја користат 55.000 граѓани

24 Jun 2020

Вкупно 55.000 граѓани веќе ги добија платежните картички и активно може да ги користат и да купуваат домашни производи и услуги. Вкупно 320 илјади граѓани треба да добијат домашна платежна картичка. Испечатени се 220 илјади картички. Банките интензивно работат и секојдневно издаваат по илјадници картички.

Ова го соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска во видео обраќање на својот ФБ профил, која порача дека сите кои не ја добиле картичката да се информираат преку веб страниците или кол центрите на банките и сите кои поднеле приговори ги увери дека на сите на кои им следува ќе им биде доделена.

До денеска, односно заклучно со вчера вкупно се издаде 55 илјади платежни картички од мерката Домашна платежна картичка веќе ги користат активно и плаќаат со овие картички. Финансиска поддршка ќе добијат 320 илјади граѓани. Целата мерка е 28 милиони евра, средства што веднаш ги префрливме кон банките, од нив 10,7 милиони евра се исплатени на наменските сметки на корисниците на картичките, рече Ангеловска. 

Таа појасни дека за мерката се пратени 50 илјади мејлови со забелешки, од кои 20 илјади се одговорени и се однесуваа на прашања од граѓаните во врска со активирање, подигнување на картичките…, додека 30.000 се со матични броеви, кои веќе се распределени до надлежните институции, се проверуваат и сите граѓани што поднеле приговор и доколку се утврди дека ги исполнуваат критериумите ќе добијат картички.

Повика на трпение и најави дека до крајот на неделата ќе ги добијат сите информации од институциите што ја вршат проверката и граѓаните ќе бидат информирани.

Мерката „Домашна платежна картичка“ е дел од третиот пакет мерки на Владата, а целта е да влијае на амортизирање на ударот врз економијата.

Картичките може да се користат за во хотели, одморалишта, туристички агенции, угостителски објекти, ресторани, супермаркети, продавници за храна, пилјари, пекари, мебел, производи за домаќинство, книжарници, спортска опрема, облека, аптеки, салони за убавина, фризерски салони…, и во сите овие продавници може да купуваат домашни, односно македонски производи и услуги.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...