Македонија

Владата ја изедначи акцизата на црвената нафта со онаа на дизелот

23 Jun 2020

Владата го прифати предлогот на Стопанската комора и дистрибутерите за изедначување на акцизата на екстра лесното гориво и дизелот.

Како што се вели во соопштението од вчерашната владина седница, донесени се изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба со кои се изедначи акцизата на маслото за греење со акцизата на маслото кое се користи како погонско гориво и на тој начин да се оневозможи злоупотребата на користењето на гасното масло за греење спротивно на неговата намена.

Притоа, истото ќе овозможи и сузбивање на сивата економија, заштита на животната средина, заштита на потрошувачите и пазарот од нелојална конкуренција и ќе се отстранат причините кои го оштетуваа буџетот на државата, граѓаните како и компаниите кои работат со нафтени деривати, се вели во соопштението од седницата на Владата.

Според пресметките на Стопанската комора, која прва излезе со предлогот за изедначување на акцизата на црвената нафта и дизелот, освен поголеми приходи во буџетот за околу девет милиони евра годишно, ова ќе резултира и со намалување на емисијата на сулфур во воздухот за 100 пати од 50 илјади килограми, на 500 килограми на годишно ниво. поред статистиката годишно во нашата држава се трошат 50 милиони литри ЕЛ-1, додека за да се задоволат годишните потреби на домаќинствата потребни се не повеќе од 5 милиони литри.

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...