Сите сточари, кои од 1 октомври до 31 декември 2019 година набавиле педигрирани, хибридни чистокрвни свињи и пчелини матици од одобрени одгледувалишта, ќе може да поднесат барање за добивање на финансиска поддршка.
Финансиите се обезбедени преку мерката „121 инвестиција во модернизација на земјоделски стопанства“ од Програмата за рурален развој. Николче Бабовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, информира дека право на аплицирање за оваа финансиска поддршка имаат сите земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со Законот за земјоделство и рурален развој.
Финансиската поддршка за набавка на пчелини матици е до 600.000 денари по корисник, додека за набавка на педигрирани чистокрвни или хибридни свињи поддршката е до 6.500.000 денари по корисник. Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од корисникот, во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.
Ставката за кофинансирање се зголемува во следниве случаи:
Барањата се поднесуваат електронски, по извршена регистрација на веб-страницата www.ipardpa.gov.mk. Рокот за достава на барањата е 15.7.2020 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.