Македонија

Прогласени победниците на детскиот ликовен конкурс на Ladna

12 Jun 2020

Ladna го затвори овогодинешното издание на детскиот ликовен конкурс со објавување на авторите на победничките цртежи. Стручната жири комисија ги одбра најинтересните и најкреативните цртежи на тема „Мојата омилена игра надвор“, а Ladna и оваа година обезбеди вредни награди за малите уметници.

Како и секоја година, натпреварувањето беше поделено во две категории: деца на возраст од 4 до 7 години и деца на возраст од 7 до 10 години. Бројот и разновидноста на пристигнатите цртежи беа само потврда дека детската фантазија навистина нема граници.

Како победнички цртежи од двете категории беа одбрани цртежите на:

Категорија од 4-7 години
Јана Смилевска, 6 години, Скопје (прво место)
Александра Шуканова, 6 години, Охрид (второ место)
Јоан Дојчиноски, 5 години, Струга (трето место)

Категорија од 7-10 години
Лина Талеска, 9 години, Скопје (прво место)
Александар Тодоровски, 8 години, Крива Паланка (второ место)
Јана Кираковска, 9 години, Скопје (трето место).

Поради непредвидените околности, наградите во двете категории ќе бидат адаптирани и доделени во поинаква форма:

Прво место – Паричен надомест во еквивалентен износ на предвиденото тридневно патување во Дизниленд, Париз на детето со родителите/старателите

Второ место – Паричен надомест во еквивалентен износ за предвидениот годишен курс за цртање

Трето место – Таблет за цртање

Ladna им се заблагодарува на сите деца кои ги испратија своите цртежи за ликовниот конкурс и ги охрабрува и во иднина да продолжат да ја негуваат својата фантазија.

Пријавените и наградените цртежи можете да ги погледнете на следниот линк. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...